Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Поранешен судија: Милан е оштетен, Лемар прв ја допре топката со рака (Видео)

Објавено

на

Милан вчера со добра игра стигна до водство против Атлетико Мадрид, но во меѓувреме судијата Џунејт Чакир го исклучи Кеси поради два жолти картони, а во завршницата досуди и пенал за гостите во судиското надополнување, па италијанскиот тим уште еднаш дозволи пресврт кој го чинеше пораз во Лигата на шампионите.

Пеналот беше досуден поради игра со рака на Калулу, но многумина сметаат дека Лемар прв имал контакт со топката со својата рака.

Судијата Чакир беше во центарот на вниманието заедно со колегите од ВАР собата, а поранешниот италијански судија Грацијано Чезари смета дека Милан бил оштетен со пеналот.

– Чакир не можеше да ја види добро ситуацијата бидејќи не беше на добра позиција за да забележи дека Лемар прв игра со рака.

– Судиите во ВАР собата исто така не утврдија најдобро што се случи, што значи дека во случајов имаме грешка на Чакир и грешка на ВАР на штета на Милан, – изјавил Чезари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни