Поврзете се со нас

Балкан

Пирло откри зошто прифати да се пресели во Турција: Разговарав со многу клубови…

Објавено

на

Некогашниот ас на Интер, Милан и Јувентус, Андреа Пирло одлучни вториот негов тренерски предвизвик да биде надвор од Италија и тоа изненадувачки во Турција во клубот кој минатата сезона ја заврши на осмото место во шампионатот-тоа е Фатих Карагумрук.

Ова за многумина беше големо изненадување ако се земе предвид дека Пирло претходно ја водеше „старата дама“, па се очекуваше следната задача да биде во Серија А или во некој тим од топ 5 лигите во Европа.

Сепак размислувањата на Андреа биле во друг правец и самиот тој кратко објасни зошто се реши да седне на клупата на Карагумрук.

-За мене е важно да се започне повторно по пауза од една година. Имав многу разговори со други тимови, и во Италија и во странство, но кога ги слушнав амбициите на овој тим тоа ме убеди да дојдам овде, исто така затоа што тие амбиции беа исти како моите, -обелодени италијанската легенда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни