Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер и понатаму игра без грешка, ТФТ падна во Кавадарци

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер продолжуваат да играат без грешка во домашниот шампионат, а нивна последна жртва е тимот на Кожув кого го совладаа со 79-67.

Гостите ги добија првите три четвртини и создадоа предност од 70-41 по што стана јасно дека двата бода одат во Битола. Домаќините во завршниот период избришаа добар дел од таа негатива и на тој начин се изборија за пораз кој е далеку поприфатлив.

Кесар и Малешевиќ со вкупно 36 поени беа први стрелци кај лидерот, Колев за Кожув пак даде 20 поени.

Еуро Никел пак беше подобар од ТФТ со резултат 80-74. Ова беше дуел во кој првиот дел му припадна на скопскиот состав, а вториот на домаќинот со тоа што клубот од Кавадарци беше поубедлив и го запиша првиот триумф во 2022 година.

Томиќ со 18 поени се издвои кај кавадарчани, Хортон и Ташовски со по 14 беа први имиња кај составот од Тафталиџе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни