Поврзете се со нас

Свет

Партнерката на Дани Алвеш ја потврди разделбата со емотивно писмо

Објавено

на

Дани Алвеш ќе одговара за силување, обвинение поради кое се наоѓа во притвор, а тоа очекувано донесе и крај на неговата врска со атрактивната Јоана Санц.

Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилски репрезентативец е обвинет за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона, а засега не е познато кога ќе биде одржано судењето, додека судот не му дозволува да се брани од слобода со кауција.

Санц пак реши да стави крај на врската, објавувајќи ја разделбата со емотивно писмо на Инстаграм.

– Избрав животен партнер кој во моите очи беше перфектен човек.

– Секогаш беше со мене кога ми требаше најмногу, ми даваше поддршка кога имав потреба од такво нешто, беше посветен на нашата врска и многу внимателен… За мене е многу тешко да прифатам дека истата личност може да ме скрши на илјада парчиња.

– Ќе продолжам да живеам, го сакам и секогаш ќе го сакам. Сепак се сакам и себеси, се почитувам и вреднувам себеси уште повеќе, па затоа ќе ја затворам оваа етапа која започна во 2015 година, – напишала Санц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Joana Sanz (@joanasanz)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни