Поврзете се со нас

Светски првенства

Падна првата „жртва“ по германскиот фудбалски потоп во Катар: Преземам одговорност

Објавено

на

Вториот фудбалски потоп на Германија на Светските првенства во период од четири години ќе мине со повеќе промени во таканаречениот бундес-тим, и тоа не само во играчкиот кадар, туку и во директорските функции.

Првата „жртва“ на германското фијаско во Катар е легендарниот голгетер на репрезентацијта Оливер Бирхоф, човек кој беше дел од Федерацијата на Германија во последните 18 години.

По завршувањето на својата кариера, Бирхов стана тим менаџер во германскиот тим во 2004-та година, а од 2018-та година ја извршуваше функцијата на технички директор.

Напаѓачот кој со два гола и ја донесе последната титула на Германија на Европските првенства (1996-та година) реши да преземе одговорност, оставајќи им простор на други луѓе да го фатат правилниот пат за излез од кризната ситуација.

– Му порачав на претседателот на фудбалскиот сојуз дека мојата одлука е конечна. Го чистам патот за поставување на нов курс по кој ќе се оди. Убеден сум дека Академијата во германскиот фудбал ќе го има клучот за враќање на вистинскиот пат и за развој на оваа игра. Среќен сум што создадовме нов дом за репрезентацијата, а жалам што немавме успех како претходните големи турнири.

– Не им дадовме шанса за радост на нашите навивачи во последните четири години. Некои одлуки во кои многу верувавме беа погрешни. Никој не жали повеќе освен јас и затоа преземам одговорност, – вели Бирхоф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни