Поврзете се со нас

НБА

Останува во источната конференција: Ветеранот Лав го избра новиот клуб

Објавено

на

foto: https://twitter.com/BleacherReport

Ветеранот Кеви Лав беше во втор, трет план во Кливленд Кавалирс во оваа сезона, па најде заеднички јазик со клубот да се разделат во овој момент додека трае кратката пауза во НБА лигата.

Шампионот со Кавси од 2016 година се реши да остане во источната конференција, а негов нов клуб ќе биде составот на Мајами Хит. Се очекува Лав да има далеку позначајна улога во „жешките“ и затоа се реши да ја избере нивната понуда иако интерес имаше и од Филаделфија, а во медиуми го споменуваат и ЛА Лејкерс.

Во досегашното НБА патување, Кевин носејќи ги дресовите на Кливленд и Минесота има просечки бројки од 17,2 поени и 10,5 скока по натпревар.

Кога е во прашање клубот од  Флорида, „ЕСПН“ информира дека „жешките“ ќе ангажираат уште едно искусни име-тоа е Коди Зелер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни