Поврзете се со нас

НБА

Ол-стар потег на Холмгрен за ерупција кај фановите на Оклахома Сити (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/okcthunder

Оклахома Сити оствари значајна победа во дуелот со Лос Анџелес Клиперс, а домашните фанови уживаа во одличното издание на екипата, која и овојпат беше предводена од Шеј Гилџус-Александер.

Канадскиот репрезентативец постигна 31 поен и забележа 8 асистенции, 4 скокови и 4 украдени топки, но имаше одлична поддршка и од младиот Чет Холмгрен.

Дебитантот во НБА лигата го заврши дуелот со 23 поени и 9 скокови, а покрај тоа што беше на работ на дабл-дабл го оствари и потегот на натпреварот.

21-годишниот кошаркар се истакна со ол-стар потег, најпрвин го исфрли од игра Ивица Зубац, а потоа си додаде од табла за атрактивно забивање.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни