Поврзете се со нас

НБА

Оклахома ја прекина серијата на Минесота, Сан Антонио го доби дербито на дното

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/okcthunder

Минесота и Оклахома Сити го одиграа најинтересниот натпревар утринава во НБА лигата, а гостите на крајот стигнаа до победата, прекинувајќи ја позитивната серија на најдобрата екипа во западната конференција.

Гилџус-Александар и овојпат го предводел Тандер до нов успех, Вилијамс уфрлил 20 поени за победничкиот тим, додека Едвардс и Таунс со по 19 поени биле најдобри реализатори во редовите на Минесота.

Оклахома сега има 29 победи, исто колку и шампионот Денвер, додека Минесота останува на првото место со една победа повеќе во досегашниот тек на сезоната.

Сан Антонио му гостуваше на Вашингтон во дуел на две екипи кои се на дното на табелата и допрва ќе се борат да ја поминат границата од десет победи.

Виктор Вембанјама одиграл одличен натпревар и со 24 поени и 8 скокови бил најдобар поединец во екипата која стигна до победата, а во чии редови се истакна и Сохан со 23 поени.

Атланта – Кливленд 95:116
Минесота – Оклахома 97:102
Њујорк – Торонто 126:100
Хјустон – Јута 127:126 (п)
Чикаго – Мемфис 125:96
Шарлот – Филаделфија 89:97
Вашингтон – Сан Антонио 127:131

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни