Поврзете се со нас

Европски купови

Одложен мечот меѓу Пелистер и Рајн-Некар Левен

Објавено

на

Европската ракометна федерација го одложи дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен кој наредната седмица требаше да се одигра во Битола.

Причината за тоа е што бундеслигашот не може да допатува во Битола, а притоа целосно да ги испочитува мерките за заштита во ковид-криза донесени од германската влада. „Лавовите“ мораа во рок од 48 часа да пристигнат во Македонија со негативен ковид-тест, да го одигра натпреварот и да се вратат дома.

Ова во моментов е невозможно, па РНЛ побара одложување на дуелот и за тоа доби зелено светло од ЕХФ.

Од таборот на „фармецевтите“ ја прифатија оваа одлука, па сега ќе можат максимално да се посветат на дуелите против Татран Прешов во СЕХА Гаспром лигата и против Кадетен Шафхаузен во Лига Европа

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни