Поврзете се со нас

Англија

Нов проблем за Клоп: Ливерпул остана без еден фудбалер до крајот на сезоната

Објавено

на

Честите повреди се дел од причините што Ливерпул има послаба сезона од претходните, а денеска Јирген Клоп се соочил со уште една лоша вест.

Премиерлигашот објави дека Стефан Бајчетиќ заработил повреда, поради која нема да игра до крајот на сезоната, анулирајќи една важна алтернатива за средниот ред на „црвените“.

Бајчетиќ сезонава беше пријатно изненадување во составот на Клоп и максимално ја искористи шансата дадена од менаџерот, но сега ќе мора да почека за дополнително наметнување кај својот менаџер.

Бајчетиќ има само 18 години, а сезонава веќе собра 19 настапи за Ливерпул, постигнувајќи го и првиот гол на дуелот со Астон Вила во декември минатата година.

– Навистина е тажно да се збогувам со оваа фантастична сезона за мене. Но, знам дека ова е дел од фудбалот и ќе ме направи физички и ментално посилен, – изјавил Бајчетиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни