Поврзете се со нас

Франција

Нема уште многу да се чека: Покетино посочи кога Меси ќе го има своето деби за ПСЖ

Објавено

на

Фудбалскиот свет е во исчекување на официјалното деби на Лионел Меси во дресот на францускиот ПСЖ.

Тоа ќе биде прв пат во историјата, Меси да облече друг клупски дрес освен оној на Барселона на официјален првенствен натпревар.

Дебито на аргентинскиот фудбалер кој е меѓу најдобрите на сите времиња се очекува да биде следниот викенд кога ПСЖ ќе гостува кај тимот на Стад Рем. Тоа го најави тренерот на „светците“, Маурисио Покетино на својата последна прес конференција.

– Минатата недела беше многу добра за Меси кој тренираше максимално. Се надеваме дека ќе продолжи така и оваа недела и ако се оди според планот, за викендот ќе биде во конкуренција за првенствнеиот натпревар, -изјави Покетино.

Во ПСЖ го очекуваати дебито на Џанлуиџи Донарума кој се уште нема заиграно на официјален натпревар, додека Вајналдум и Хакими веќе се редовни во првиот тим. Серхио Рамос ќе почека за својот деби настап се додека не ја залечи повредата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни