Поврзете се со нас

АТП

Нема попуштање, Новак Ѓоковиќ би можел да го прескокне Австралија Опен поради тоа што не е вакциниран

Објавено

на

Австралија важи за земјата која воведува најрестриктивни мерки во врска со коронавирусот, а од пред неколку дена во државата Викторија е донесена одлука вакцинацијата да биде задолжителна.

Така, сите вработени, а тука се вклучени и професионалните спортисти кои ќе се најдат на територијата на Викторија, мора да бидат вакцинирани.

Поставен е и рок според кој сите оние кои планираат да дојдат во оваа австралиска држава, мора да ја примат првата доза до 15 октомври, додека втората доза до 26 ноември.

Австралија Опен треба да се одржи во месец февруари, а премиерот на земјата, Ден Ендрјус јасно порача дека оние кои нема да се вакцинираат, а тука е потенциран Новак Ѓоковиќ како гласен антиваксер, нема да може да учествуваат на турнирот.

– Тие титули нема да те заштитат, единствената титула која ќе те заштити е да можеш да кажеш дека си ја примил првата и дека си ја примил втората вакцина, -порача Ендрјус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни