Поврзете се со нас

Свет

Нејмар долови како изгледа болниот процес на рехабилитација од тешката повреда (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alhilal_EN

Бразилецот Нејмар имаше безброј повреди на скочниот зглоб во изминатите десет години, но пред извесно време ја претрпе најтешката повреда во кариерата, која ќе го оддалечи од терените до девет месеци.

Нејмар го скина предниот вкрстен лигамент и го оштети менискусот, поради што мораше да направи тежок оперативен зафат и да почне една долга и мачна рехабилитација.

Заздравувањето од преден вкрстен лигамент е најдолг и најболен процес во професионалниот фудбал, а Нејмар сега се обиде да долови како изгледа тоа.

Движењата на коленото се навистина болни во почетниот процес на рехабилитација, па Бразилецот го моли физиотерапевтот да престане со туркањето и да го остави на мир.

Во даден момент, Нејмар се споредува себеси и со Роналдо Назарио, легендарниот бразилски напаѓач чија кариера за жал ја одбележаа тешките повреди на коленото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни