Поврзете се со нас

НБА

Не ја доби оваа битка: Почина кошаркарскиот стратег Дејан Милојевиќ!

Објавено

на

Кошаркарскиот свет остана без еден од најхаризматичните и најквалетните тренери од овие простори-Дејан Милојевиќ.

Милојевиќ изминативе три години беше дел од стручниот штаб на Голден Стејт Вориорс, тим во кој завршни неговата кошаркарски и животна приказна на само 46 години.

Имено за време на вчерашната вечера со екипата, Милојевиќ имал срцев удар по што веднаш бил хоспитализиран, му била направена операција, но неговото срце денеска престанало да чука.

Дејан својата тренерска кариера ја започна во Мега каде имаше одлични резулати, соработуваше и изведе на прав пат многу познати имиња од кои најголемо дефинитивно е Никола Јокиќ. Потоа имаше кратка епизода во Будуќност за да се пресели во САД во редовите на „воините“ од Сан Франциско каде беше дел од тимот на Стив Кер.

Како играч беше дел од клубови како Партизан, Галатасарај, Валенсија и Будуќност, а беше дел и од репрезентацијата со која го освои ЕП во Турција во 2001 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни