Поврзете се со нас

НБА

НБА се загрева за големото финале со хит видео за Јокиќ: Еве зошто го нарекуваат „Џокер“

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Денвер презентираше страшна доминација во финалната серија на Западот и го „метлоса“ Лос Анџелес Лејкерс, па сега Никола Јокиќ и неговите соиграчи мирно го чекаа епилогот од финалето на Истокот.

Бостон врза втора победа рано утрвото против Мајами и намали на 3:2, а додека НБА фановите го чекаат вториот патник во финалето, одговорните лица полека се подготвуваат за спектаклот.

Јокиќ одигра неверојатна кошарка во серијата против „езерџиите“ и сосема заслужено го доби МВП признанието за финалето на Западот, па во негова чест, НБА сега објави и едно интересно видео.

Србинот е познат како максимално приземјена ѕвезда која се однесува најнормално и по величествена партија, а НБА сега ги прикажа неговите најинтересни инсерти од денот кога пристигна во Америка.

– Има причина зошто го викаат „Џокер“…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни