Поврзете се со нас

АТП

Надал со искрен одговор за опцијата да игра дубл со Алкарас во на ЛОИ во Париз

Објавено

на

Рафаел Надал реализираше долго и исцрпно интервју за „Мовистар“, а шпанските медиуми постојано извлекуваат интересни одговори на различни прашања.

Шпанскиот тенисер кој се уште се рехабилитира од последната повреда бил прашан и дали би сакал да игра заедно со Карлос Алкарас на претстојната Олимпијада во Париз.

Турнирот ќе се игра на земјените терени на Ролан Гарос, па ако биде подготвен за настап, Надал сигурно ќе биде меѓу фаворитите за највисок пласман во сингл конкуренција. Но, Шпанците се интересираат и за евентуалниот дубл со во моментов најдобро рангираниот шпански тенисер.

– Би сакал уште еднаш да настапам на Олимпијада, сите знаат дека секогаш сум бил фан на овој голем спортски настан.

– Досега не сум разговарал со Алкарас на тема дубл, но јас немам ништо против, тоа би ми било дополнителна мотивација за највисоки амбиции. Со оглед на тоа колку ветува и што се освои досега, би било убаво да го затворам олимпискиот циклус со настап заедно со него, – рекол Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни