Поврзете се со нас

АБА лига

МЗТ со страшна серија ја нокаутираше Цибона и дојде на чекор од опстанок во АБА лигата!

Објавено

на

МЗТ Скопје го започна денешениот клучен меч во Аеродром со голем императив да освои бодови и да оствари победа, а тоа го направи на величествен начин со страшна игра во второто полувреме, во кое посебно импресивна беше третата четвртина.

Цибона се покажа како незгоден и жилав ривал во првото полувреме и покрај тоа што на гостите ништо не им значеше овој натпревар, но за тоа придонесе и нервозната игра на македонскиот првак кој навистина многу грешеше во нападот.

Тоа им дозволи на гостите на полувреме да заминат со убава предност од 41:53, која интересно беше стопена за само пет минути игра во третата четвртина. Момците на Николиќ отворија со 13:0 во третата четвртина и со страшна серија поведоа со 54:53, а во следниот напад пристигна последното водство кое го имаше Цибона на овој натпревар.

Гостите постигнаа два поени за предност ос 54:55, по што продолжи страшната серија на разиграните „штркови“ кои беа распукани од сите страни и го наполнија кошот на Хрватите.

МЗТ го доби третиот период до 30:5 и го најави големиот триумф во одличната атмосфера во „Јане Сандански“, која беше актуелна и во четвртата четвртина во која домаќините само го зголемуваа водството и стигнаа до максимални плус 17 во четири наврати. На крајот, МЗТ славеше со 87:74 и сега е на чекор од опстанок во АБА лигата, кој ќе биде обезбеден доколку утре Борац не победи на тешкото гостување кај Будуќност.

Кефи беше најефикасен на натпреварот со 19 поени зад своето име, Бурсаќ исто така блескаше и постигна 17 поени, додека извонредни беа и Кук и Војдан Стојановски со 15 и 14 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни