Поврзете се со нас

Италија

Мурињо осуди еден играч на Наполи: Постојано се „фрла во базен“, не заслужија да победат!

Објавено

на

Моментот на испирација на Виктор Осимен и лошата поставеност на Крис Смолинг направија Наполи да обезбеди драгоцени три бода во Рим, победувајќи ја Рома со минимални 0:1 на преполниот „Олимпико“.

Наполи продолжи со одличните резултати и останува сигурен лидер со три бода предност пред Милан, додека Рома го претпре вториот пораз на домашен терен и останува петта.

Жозе Мурињо беше незадоволен од исходот и веднаш по мечот порача дека Рома заслужила најмалку бод, а го осуди Ирвинг Лозано за претерано паѓање на теренот и постојана глума во обид да изнуди прекршоци.

– Нашите перформанси беа доволно добри за да избегнеме пораз. Сакавме да победиме, но на крајот победата заминува на спротивната страна. Ова беше тежок меч, тежок за контролирање. Добивме многу жолти картони и бевме лимитирани да правиме прекшроци. Ако не беше така, Кристанте ќе го прекинеше нападот уште пред топката да стигне до Осимен.

– Сметам дека поразот е неправда, играчите дадоа се што имаат, а имавме проблеми и со доста повреди. Знаевме дека еден гол ќе го реши мечот, а за жал тој гол го постигна Наполи. Одлично ги контролиравме, но не фати замор и немавме доволно избор поради повреди. Спинацола одлично вршеше притисок врз играчот кој постојано паѓа и се фрла во базен, го знаете неговото име, тоа е Лозано. Да не се изморевме, немаше да примиме гол. Со оглед на тимот кој го имав, немав многу избор на клупата, имаше дури четворица играчи од младинскиот тим. И покрај се, сметам дека Наполи не заслужи победа, – изјави Мурињо во свој стил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни