Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Модриќ откри каква порака му испратил на еден соиграч откако бил заменет против ПСЖ: Ќе ги здробиме на „Бернабеу“!

Објавено

на

Лука Модриќ беше еден од творците на сензационалната сезона која ја имаше Реал Мадрид во Лигата на шампионите, кампања во која „кралевите“ дури три пати се враќаа од мртвите за да се пласираат во големото финале, каде потоа го совладаа Ливерпул.

Париз се претвори во град кој беше почеток и крај на незаборавната бајка за Реал Мадрид во Лигата на шампионите, бидејќи таму почна осминафиналниот пат против ПСЖ, а заврши со настап на „Стад де Франс“ каде беше победен Ливерпул со 1:0.

Неколку месеци претходно, Реал го одигра најлошиот меч на „Паркот на принцовите“ и единствено добро беше што имаше негатива од 1:0, бидејќи ПСЖ беше максимално доминантен и му дозволи на „кралот“ да излезе жив за реваншот.

Според Модриќ, токму враќањето против ПСЖ било клучно за подоцнежниот пат во Лигата на шампионите, бидејќи по поразот на „Паркот на принцовите“, никој не верувал во нив и многумина ги отпишале и почнале да пишуваат за промена на генерации во тимот.

– Пред мечот во Париз имаше скептицизам околу нас и малку веруваа дека ќе победиме против мега тим создаден да ја освои Лигата на шампионите. Вистина е, комплетно не надиграа на „Паркот на принцовите“ каде одигравме многу лошо. После тоа, уште толку не прогласуваа како мртви и имаше луѓе кои почнаа да зборуваат за промена на фудбалери, особено за нас ветераните.

– Таквите пораки и сомнежи стигнуваат до нас фудбалерите, но тоа мене уште толку ме мотивира. Ќе ви откријам една анегдота. Кога бев изваден на „Паркот на принцовите“ во завршницата од мечто, кога бев блиску до Карвахал на клупата за резерви, му го реков следното: Ќе видиш дека ќе ги здробиме на „Бернабеу“. И тој мислеше дека можеме да го направиме тоа, – открива Модриќ во интервјут за „Јутарњи лист“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни