Поврзете се со нас

Франција

„Мирор“: ПСЖ се откажал од Меси

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Лионел Меси ги искористил слободните денови за да се врати во Барселона, а секое негово враќање дополнително ги подгрева шпекулациите дека размислува да се врати во својот матичен клуб.

Англиски „Мирор“ тврди дека ПСЖ веќе решил да не ја продолжи соработката со Аргентинецот и тој ќе настапува за друга екипа следната сезона.

Двегодишниот договор на Меси со францускиот клуб истекува летово, но неуспехот во Лигата на шампионите го натерал претседателот Насер Ал Келаифи да ја промени стратегијата.

Наместо инсистирање на скапи ѕвезди и ветерани, ПСЖ ќе им даде приоритет на младите француски фудбалери и на долг рок да ја зголеми финансиската слика на клубот.

Ваквото сценарио оди во прилог на Барселона, чија важна цел е да го врати Меси во своите редови, за што исто така е потребна адаптација на финансиското работење на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни