Поврзете се со нас

Балкан

Мирчевски e играч на колото во Србија, автор е и на еден од најубавите голови (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Мартин Мирчевски е прогласен за играч на колото во најсилната фудбалска лига на Србија.

Мирчевски блескаше против Колубара и со својот хет-трик и донесе триумф на ТСЦ Бачка Топола од 3-1. Ова негово издание беше доволно да го понеде признанието за играј број еден на 11. рунда.

Воедно еден од неговите голови влезе на листата на најубави погодоци на колото, листа на која имаше место и за мајсторијата на Зоран Даноски против Јавор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни