Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски направи неколку измени: Македонија со формација 4-3-3 ќе го нападне Азербејџан

Објавено

на

Македонија е домаќин на Азербејџан на средбата која од 14 часот е закажана на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, средба за која селекторот Благоја Милевски ги откри картите.

Милевски направи неколку промени во однос на дуелот со Финска, промени од голманската позиција се до нападот.

Местото на Димитриевски на голот ќе го заземе Шишковски, потоа во одбраната Ашковски ќе ја покрие позицијата на Алиоски кој поради приватни причини беше ослободен за овој натпревар. Дефанзивната линија ја комплетираат Ристовски, Муслиу и Серафимов, додека во средината друштво на Барди ќе му прават Николов, но и Давид Бабунски.

Најголема опасност пред голот на гостите треба да бидат Елмас, Дориев и Несторовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни