Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски избра за двата предизвици во месец март: Еден дебитант и еден повратник во националниот тим (Фото)

Објавено

на

Претстојниот викенд следат нови возбудување на клупски план и потоа ќе следи мала пауза од редовните натпревари во националните првенства, бидејќи повторно ќе дојде ред на репрезентативните дуели кои паузираа неколку месеци.

Македонија ќе одигра два пријателски натпревари во Анталија против селекциите на Молдавија и Црна Гора, а пред првиот собир и заминувањето за Анталија кое е закажано за стартот на следната седмица, селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери.

Иако костурот е ист и има голем број на играчи кои веќе се стандардни во националниот тим, за издвојување се две вести, односно дебито кое го има Лирим Ќамили кој настапува за дански Хвидовре, како и враќањето на еден стар репрезентативец.

Дарко Велковски го загуби своето место во селекцијата поради тоа што не можеше да си пронајде клуб, но откако се адаптираше во Динамо Букурешт и почна да игра, Милевски веднаш го враќа назад како опција во одбраната.

Овие два натпревари ќе послужат како добар тест за следниот квалификациски циклус, па сигурно е дека Милевски ќе им даде шанса на сите играчи, вклучувајќи го и Давор Здравковски кој игра стандардно во Мадервел.

Првиот натпревар во Анталија го играме против Молдавија на 22-ри март, а три дена подоцна играме со Црна Гора.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни