Поврзете се со нас

Репрезентација

Милевски: Азербејџан има одлични индивидуалци, но ние имаме јасна цел

Објавено

на

Селекцијата на Азербејџан е последниот противник на нашата репрезентација во оваа 2022 година, селекција која не е наивна и која во последно време бележи добри резултати што е јасен знак дека не смее да има никаков потценување.

Нашиот национален тим утре нема да може да смета на напаѓачот Бојан Миовски и дефанзивецот Џани Алиоски, ама без разлика на тоа целта е јасна, да се забележи победа со која на идеален начин ќе се заврши годината, но и ќе донесе кревање на самодовербата за она што следи во квалификациите за Европското првенство.

-Ние на секој натпревар играме да победиме, нема да биде поразлично и утре. Секогаш играме на победа, се надевам така ќе биде и против Азербејџан. Знам дека Азебејџан добро не скаутирал, но се надевам дека нашиот квалитет ќе излезе на површина иќе стигнеме до победа. Јас инсистирав на вакви противници, различни и квалитетни, Финска е топ репрезентација, Азербејџан игра навидум поразличен фудбал, но нивните последните натпревари го потврдуваат нивниот квалитет, очигледно е дека селекторот добро си ја работи работата.

-Имаат одлични индивидуалци и се агресивни. Ние имаме квалитет, слабостите ги анализиравме од мечот со Финска, мислам дека се тоа моменти на деконцентрација и ќе направиме се да ги поправиме грешките, кои не смееме да ги имаме на официјалните мечеви следната година со оглед на квалитетот на противниците, -порача селекторот Милевски.

Утрешниот меч на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје започнува во 14 часот.

Барди: Во фудбалот нема фаворити, сакаме победа над Азербејџан

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни