Поврзете се со нас

Репрезентација

Барди: Во фудбалот нема фаворити, сакаме победа над Азербејџан

Објавено

на

Македонија утре го игра последниот меч во оваа година и тоа против селекцијата на Азербејџан со која ќе се соочиме во Скопје.

Ова е втора средба за само неколку дена на националниот тим, а желбата, амбицијата е да се совлада гостинот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нема повеќе фаворити во фудбалот, мора да одиграме максимално добро, треба да ги поправиме грешките што ги имавме против Финска, се надевам на позитивен резултат со Азербејџан. Противникот е физички силен, ние ќе ги нападнеме, сакаме победа за поголема самодоверба и со успех да ја завршиме годината, -порача Енис Барди.

Дуелот е закажан за 14 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни