Поврзете се со нас

Македонија

Металург се засили со Калуѓеровиќ

Објавено

на

Црногорскиот ракометен репрезентативец Василије Калуѓеровиќ од денеска официјално е нов член на скопски Металург.

Составот од „Автокоманда“ се засили на бековските позиции, а Калуѓеровиќ може да покрива на среден и лев бек, што сигурно е позитивно за ротацијата на екипата на Металург.

Калуѓеровиќ се истакна со настапите во редовите на Извиѓач во СЕХА, по што направи трансфер во шведски Гуиф, каде соработуваше со црногорскиот селектор Зоран Рогановиќ.

Металург потврди дека договорот со Црногорецот се однесува на оваа и следната сезона.

Информацијата за засилувањето доаѓа неколку часа по убедливиот пораз на Металург од Чеховски Медведи во рамките на ракометната Лига на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни