Поврзете се со нас

Шпанија

Меси со најбогат спортски договор во историјата: Инкасирал вистинско богатство за четири години во Барселона

Објавено

на

Шпанскиот весник „Ел Мундо“ дојде до ексклузивни информации за заработувачката на Лионел Меси во таборот на Барселона.

Аргентинецот во 2017 година потпиша нов, четиригодишен договор со каталонскиот клуб и за тој период според „Ел Мундо“, Меси заработил вртоглави 555 милиони евра, што го става на врвот на заработувачката кај спортските работници.

Меси годишно заработувал фиксни 138 милиони евра по сезона, а покрај нив имало и бројни бонуси во неговиот договор.

Офанзивецот од бонуси по продолжувањето на договорот зел над 115 милиони евра, а од бонусот за лојалност инкасирал уште 78 милиони евра.

Дефинитивно, ова се навистина нестварни бројки на заработени пари кои го ставаат Меси на самиот врв меѓу спортистите со најбогати договори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни