Поврзете се со нас

Формула 1

Мерцедес најави надградба на болидите и позитивни промени уште во Мајами

Објавено

на

Актуелниот контструкторски шампион во Формула 1, тимот на Мерцедес најави дека планира надградба на болидите за трката во Мајами и се надева на позитивен ефект врз нивните перформанси во продолжението од сезоната.

Мерцедес беше број еден меѓу тимовите последните осум сезони, но оваа сезона ја започна со заостанување зад ривалите и без реална можност да се бори за најдобрите позиции.

Најголем проблем за Мерцедес е таканареченото „потскокнување“ на болидот на правците, при што со зголемување на клиренсот, се добиваат негативните ефекти врз аеродинамичноста и конкурентноста во однос на ривалите.

– Работиме напорно во фабриката и голем дел од активностите се поврзани со обидот да го разбереме овој феномен, односно да се обидеме да го контолираме.

– Не е реално дека проблемот ќе исчезне одеднаш, ќе работиме чекор по чекор, но барем има охрабрувачки сигнали. Можеби уште во Мајами ќе се забележи разликата, – изјавил Џејмс Шовлин, еден од водечките инженери во тимот на Мерцедес.

Ф1 трката во Мајами се вози на 8. мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни