Поврзете се со нас

Франција

Мбапе режираше мајсторија и му го донесе првиот трофеј на Луис Енрике (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ фуриозно го започна Суперкуп финалето против Тулуз на „Паркот на принцовите“, а воведниот гол на Канг Ин во 3-та минута беше најава за тоа што следеше.

Фаворитот не остави ништо на случајноста и освои уште една титула на домашно тло, но оваа треба да му даде и поголем мир на Луис Енрике кој го освои првиот трофеј како тренер на „светците“.

Шпанскиот стручњак не трепереше како на некои други натпревари оваа сезона, а најзаслужен за тоа беше Килијан Мбапе кој постигна клучен гол пред крајот на првиот дел.

Француската ѕвезда доби една топка од Баркола на работ од шеснаесетникот, за потоа да ја измеша одбраната на Тулуз и мајсторски да погоди за 2:0.

Во вториот дел резултатот не се менуваше, па ПСЖ рутински ја одбрани победата и стигна до 12-от трофеј во Суперкупот.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни