Поврзете се со нас

Франција

Мбапе искрено за односот со Нејмар: Отсекогаш сме имале…

Објавено

на

Килијан Мбапе и Нејмар имаа еден „конфликт“ во текот на оваа сезона, расправа за тоа кој да шутира пенал против Монпелје, ситуација која донесе многу коментарии, реакции за односот на двете ѕвезди и дали истиот може и да му направи штета на Пари Сен Жермен.

Неколку денови тоа беше актуелно или се до наредниот меч по што се затвори оваа тема, двајцата покажаа дека се вистински професионалци, а што е најважно „светците“ продолжија да победуваат.

Сега следува почетокот на новата кампања во ЛШ, а во пресрет на истата Мбапе за прв пат проговори за врската која ја има бразилската ѕвезда.

-Ова ми е шеста година со Нејмар. Отсекогаш сме имале ваква врска, заснована на почит, понекогаш постудена, понекогаш потопла. Имам голема почит кон него и неговото влијание врз тимот. Не знам [кој би шутирал пенал против Јувентус], ќе видиме. Мора да видиме како ќе биде во текот на натпреварот. Да се биде прв избор не значи дека ќе ги изведете сите пенали. Мора да знаете како да го поделите колачот, -пораа Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни