Поврзете се со нас

Франција

Марсеј победи со бизарен автогол, Тудор фрлаше облека кон трибината (Видео)

Објавено

на

Олимпик Марсеј победи на дербито со Лион на драматичен начин, а по ваквата завршница експлодираше тренерот Игор Тудор.

Двете екипи беа соочени со реми на „Групама“ стадионот, но во судиското надополнување, Лион постигна бизарен автогол и им донесе голема радост на гостите.

Хрватскиот тренер еуфорично ја прослави ваквата завршница, најпрвин со своите соработници и фудбалери, а потоа и со членовите на фамилијата кои биле на трибините.

– Тоа беа моите најдраги. Мајка ми, татко ми, сестра ми, внукот и тетката. Дојдоа на овој натпревар и затоа ме преплавија посебни емоции по ваквиот финиш, – изјавил Тудор чија екипа е блиску до потврдување на место кое води во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни