Поврзете се со нас

Италија

Марота одговори дали Меси ќе се пресели во Интер: Тоа е…

Објавено

на

Главниот оперативец на италијанскиот прволигаш Интер, Џузепе Бепе Марота даде одговор на последните информации кои се појавија во јавноста за можен трансфер на Лионел Меси на „Џузепе Меаца“.

Изминативе денови италијанските медиуми пренесуваат дека таткото на Меси купувал куќа во Милано, па ова се поврза со капитенот на Барселона и негова можна преселба во таборот на „нероаѕурите“ со оглед на тоа што договорот со сегашниот клуб му завршува во 2021 година.

-Тоа е фантази фудбал. Тој дефинитивно не е една од нашите цели, мислам дека е фокусиран на тоа да ја продолжи кариерата во Барселона. Верувам дека нема сомнеж во тоа, -истакна Марота во пресрет на дуелот со Џенова кој Интер го доби со 3-0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни