Поврзете се со нас

Формула 1

Марко самоуверено: Ферари не може да му парира на Ред Бул

Објавено

на

Хелмут Марко и сезонава извршува влијателна функција во редовите на Ред Бул, па иако не дава често изјави за медиумите, овојпат го привлече вниманието со самоуверениот став за актуелната сезона.

По еден-два победата во Имола, Марко е голем оптимист, а вели и дека Ферари не може да му парира на Ред Бул во однос на развојот на болидите.

– Резултатот во Италија за нас беше многу важен по тоа што се случуваше во Бахреин и Австралија. Конечно стигнавме до еден-два победа, првпат од 2016 година, што е важно за подигнување на моралот.

– Исто така, овој резултат покажува дека сме конкурентни, едноставно треба да го склопиме пакетот и повторно сме тука во битка за титулите. Ферстапен два пати загуби многу поени, да не беше тоа, сега ќе беше на врвот, – изјавил Марко, кој делува уверено дека Ред Бул ќе има подобри болиди од Ферари.

– Не сум убеден дека Ферари ќе може да ни парира. Видовме дека кога правиме вистински притисок, почнуваат да грешат, Саинц направи голема грешка, Леклер исто така. Но, исто така важно е и што ова ќе биде симпатична битка меѓу Ферари и Ред Бул, – изјавил Марко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни