Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед притиснал за ангажман на засилување во јануари

Објавено

на

По лошите партии во последно време, од раководството на Манчестер Јунајтед се решиле да му излезат во пресрет на Ралф Рангник и да му донесат барем едно засилување во јануарскиот преоден рок.

Рангник инсистирал на ангажман на последен играч за врска, а изборот конечно паднал на фудбалерот на Лајпциг, Амаду Хајдара.

Германскиот стратег многу добро го знае Хајдара затоа што тој го донесе во групацијата на Ред Бул, па сега сака да го земе и во редовите на Манчестер Јунајтед.

Според англиските медиуми веќе биле започнати преговори помеѓу челниците на Јунајтед и оние на Ред Бул Лајпциг и се очекува за брзо време конечно да биде постигнат договор за трансфер на играчот.

Од друга страна, „ѓаволите“ се откажале од намерата да го ангажираат Денис Закарија од Борусија Мехенгладбах иако тој ќе ги чини само шест милиони фунти. Скаутите на клубот не го посочиле Закарија како долгорочно решение за тимот на Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни