Поврзете се со нас

Англија

Манчестер Јунајтед официјално прати еден свој фудбалер во тим од Премиер лигата, ќе дебитира уште утре

Објавено

на

Од Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден потврдија дека нивниот фудбалер, Брендон Вилијамс следната сезона ќе ја мине на позајмица во тимот на Норвич.

Играчот кој се смета за еден од најдобрите млади фудбалери на клубот поради конкуренцијата на левата бековска позиција ќе мора минутажа да бара во тимот на Норвич кој од оваа година повторно е во Премиер лигата.

Младиот фудбалер во саботата ги минал медицинските прегледи, а денеска беше официјализиран неговиот премин на „Кароу Роуд“.

Вилијамс е вкупно десетто засилување за Норвич во летниот преоден рок, а тренерот на клубот Даниел Фарке потврди дека играчот ќе се најде во составот уште во текот на утрешниот ден кога Норвич ќе игра против Борнмут во натпревар од Карабао купот.

– Мислам дека Брендон ќе биде во можност да игра утре. Тренираше со нас денеска и подоцна ќе донесеме конечна одлука дали ќе биде инволвиран во натпреварот, -изјави Даниел Фарке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни