Поврзете се со нас

Франција

Малерозниот Кимпембе морал да направи втора операција на ногата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/PSG_inside

Преснел Кимпембе ќе мора да почека за враќање во редовите на ПСЖ, затоа што му бил направен и втор оперативен зафат на ногата.

Ахиловата тетива му создава многу проблеми на фудбалерот уште од февруари, а процесот на рехабилитација открил дека е потребен уште еден зафат за корекција.

ПСЖ му изрази јасна поддршка на својот фудбалер со тоа што минатиот месец му го продолжи договорот до 2026 година, па Кимпембе не треба да стравува дека ќе остане без ангажман по крајот на оваа сезона.

Проценките се дека ПСЖ нема да форсира враќање на Кимпембе пред целосно да биде саниран проблемот, но постојат шанси тој да се врати во составот пред крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни