Поврзете се со нас

Одбојка

Македонските одбојкари за малку испуштија втора победа над Хрватска

Објавено

на

Македонската машка одбојкарска репрезентација се бореше жестоко на гостувањето кај Хрватска, но доживеа пораз (3:2) во натпревар од петтото коло на Златната лига.

Дуелот во Задар донесе два пресврта, а на крајот се радуваа домаќините, кои имаа негатива од 0:1 во сетови, но на крајот беа поуспешни во решавачкиот петти сет за конечен триумф и се реваншираа за поразот со ист резултат во Скопје.

По одличниот прв сет за избраниците на Јошко Миленкоски, кои оваа фаза ја добија со 20:25, Хрватите направија пресврт добивајќи ги двата следни сета со 25:17 и 25:23.

Македонија израмни по убедливите 15:25 во четвртиот сет, за решавачкиот тај-брејк сет да им припадне на домаќините со 15:13.

Нашата одбојкарска репрезентација по пет рунди има две победи и три порази, што е доволно за делба на второто место во групата, а во последната рунда се среќаваме со убедливо првата Украина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни