Поврзете се со нас

Лига Европа

Лукаку не отпатувал за Англија, Де Роси ќе го одмори и Дибала против Брајтон

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Рома забележа убедлива победа со резултат 4:0 во првиот дуел со Брајтон од осминафиналето на Лига Европа, па фановите очекуваат реваншот да биде искористен само за рутинска потврда на пласманот во следната рунда.

Тренерот Даниеле Де Роси решил да остави Ромелу Лукаку во Рим, одморајќи го својот голгетер кој имал и мал проблем со повреда, а веројатно на клупата ќе биде и Пауло Дибала.

Аргентинецот ќе го следи дуелот од клупата за резервни фудбалери и Де Роси се надева дека ќе може целосно да го сочува во пресрет на соочувањето со Сасуоло во домашното првенство.

Натпреварот се игра утре од 21 часот, а домаќините најавуват дека ќе се обидат да му ги расипат сметките на италијанскиот тим, иако за такво нешто ќе мора да одиграат перфектен натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни