Поврзете се со нас

Балкан

Лудило во Ријека: Велковски погоди за 3:0, Ристовски асистираше за 3:3 (Видео)

Објавено

на

Ријека и Динамо понудија вистински дерби спектакл денеска во Хрватска, бидејќи во натпреварот со многу шанси и луди ситуации за кои интервенираше и ВАР, на крајот лутите ривали ги поделија бодовите.

Домаќините имаа спектакуларно прво полувреме и се чинеше дека ќе ги освојат трите бода, но позитивата од три гола не се покажа како доволна за добивање на целиот плен.

Ријека поведе со голот на Дрмиќ, истиот фудбалер зголеми и на 2:0, а пред крајот на првиот дел, во листата на стрелците се запиша и нашиот Дарко Велковски.

Стоперот одлични испрати еден центаршут и на големо го славеше погодокот, кој сепак не беше пресуден за откажување на фаворизираниот ривал. Динамо се врати во вториот дел со двата пенали кои ги реализираше Петковиќ, по што беше поништен гол за 3:3 поради прекршок.

Сепак, во 82-та минута, Андриќ се најде на вистинско место во шеснаесетникот и израм ни на 3:3, а асистент на голот беше вториот македонски репрезентативец на теренот, Стефан Ристовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни