Поврзете се со нас

Англија

Лоша вест за заинтересираните: Сити направил промена на откупната клаузула на Халанд

Објавено

на

Ерлинг Халанд е посакуван од голем број клубови, а медиумите досега истакнуваа дека Реал Мадрид сигурно ќе се обиде да го ангажира во 2024 година, за кога се претпоставуваше дека има можност да замине со активирање откупна клаузула.

Но, фановите на Манчестер Сити можат да бидат помирни бидејќи поради одредени клаузули во договорот, Халанд првпат ќе им биде достапен на другите клубови една година подоцна, односно во 2025 година.

Новинарот Ориол Доменек објавил дека откупната клаузула во договорот на Халанд била поврзана со статусот на Пеп Гвардиола, па новиот договор на менаџерот повлекол и сигурно задржување на Норвежанецот до 2025 година.

Клубовите кои ќе сакаат да го ангажираат Халанд по две и пол години, ќе треба да издвојат 200 милиони евра за тој трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни