Поврзете се со нас

Англија

Ливерпул остана без клучен играч, Клоп разочаран: Ова е голем удар за нас!

Објавено

на

Ливерпул се подготвува за средбата против Вулверхемптон во ФА Купот, но во пресрет на истата менаџерот Јирген Клоп соопшти лоши вести поврзани со еден од најважните, клучните играчи во екипата.

Се работи за стоперот Вирџил Ван Дајк кој беше заменет на полувреме на дуелот со Брентфорд, ситуација за која тренерот Клоп не сметаше дека е страшно, поточно дека се работи за некој помал проблем.

Сепак се работи за посериозна повреда која ќе го оддалечи Холанѓанецот подолго време од терените, односно ќе биде во аут повеќе од еден месец.

-Ова беше изненадување за нас, голем удар. Немаше некој поголем проблем, јас го повлеков, да не ризикуваме. На крајот, дијагнозата беше прилично сурова, но зборуваме за недели – повеќе од еден месец. Се надевам дека ќе помине брзо, но засега тој не е достапен. Така е како што е. Имаме други централни дефанзивци, се додека е така, се е во ред за тимот.

-Ама за Вирџил ова е тешко. Тој одигра неверојатен број на натпревари во последните години. [Сега] не можеме да го користиме барем на теренот. Надвор од теренот, тоа ќе го направиме, -истакна Клоп кој потврди дека новото засилување Коди Гакпо е во комбинација за утрешниот дуел.

Кога е во прашање Вирџил тој ќе биде дури во трка со времето за пресметката со Реал Мадрид во ЛШ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни