Поврзете се со нас

Свет

Левиот бек на Арсенал чека повик за да оди во војна против Русија, Орие го подбра на социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Олександр Зинченко е далку од формата во која настапуваше во изминатите неколку сезони и го загуби стартното место кај Микел Артета, а причина за тоа може да биде и психолошката состојба во која се наоѓа фудбалерот.

Зинченко е еден од играчите кои водат најголема кампања против руската агресија во Украина и веќе во неколку наврати посочи дека е подготвен да ја брани својата татковина, но последното интервју кое го направи за „Би-Би-Си“ изнуди коментар и од негов колега.

– Ако ме побараат да војувам, дали ќе одговорам позитивно? Одговорот е јасен, би одел во војна, – изјави Зинченко за „Би-Би-Си“, а тоа го налути Серж Орие кој смета дека Украинецот режира само циркус за да привлече внимание.

Поранешниот десен бек на Тотенхем и ПСЖ моментално настапува за Галатасарај, па од Турција ја испрати следната порака на социјалните мрежи:

– Престани со твојата претстава и веднаш замини за Украина. Вистински доброволци не треба да добијат повик од никого, – му порача Орие.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни