Поврзете се со нас

Лига Европа

ЛЕ: Милан обезбеди солидна предност, Обамејанг со лоб атракција ја запечати победата на Марсеј (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OM_Officiel

Милан имаше фудбалер повеќе уште од 26. минута на натпреварот против Славија Прага, за на крајот тоа да биде доволно за победа од 4:2 и солидна предност во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лига Европа.

„Росонерите“ поведоа преку Жиру, голови во првиот дел постигнаа и Рејндерс и Лофтус-Чик, додека во второто полувреме Пулишич погоди на асистенција на Леао. Гостите од Чешка намалуваа на 2:1 и 3:2, но на крајот имаат два гола негатива.

Олимпик Марсеј ја наполни мрежата на Вилјареал (4:0), а ветеранот Пјер-Емерик Обамејанг постигна два од четирите гола на францускиот претставник.

Вистинската мајсторија, напаѓачот на Марсеј ја остави за крај и со лоб атракција го постави конечниот резултат на дуелот кој гостите во добар дел играа и без исклучениот Морено.

Бенфика два пати израмнуваше против Глазгов Ренџерс за конечни 2:2, додека Фрајбург го совлада Вест Хем со минимални 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни