Италија
Лаутаро постигна одличен гол, Интер го освои Бергамо (Видео)

Интер не попушта и продолжи да реди победи во Серија А, но оваа вечер беше навистина тешко извојувана на секогаш незгодното гостување во Бергамо кај Аталанта.
Симоне Инѕаги внимателно го подготвуваше својот тим уште во најавите за локалното дерби, а на крајот пресудија нијанси и подобрата ефикасност која ја имаа гостите.
Интер поведе по еден контроверзен судир меѓу голманот на Аталанта и Дармијан, кога иако домаќините очекуваа фаул во напад, на крајот беше досуден пенал.
Чалханоглу ја презема одговорноста и погоди за водство од 0:1, а клучниот момент се случи во 57-та минута кога Лаутаро Мартинез со хируршки прецизен удар зголеми на 0:2.
Аталанта брзо се врати и ја искористи грешка во одбраната на Интер за да намали на 1:2, но погодокот на Скамака беше последен гол на оваа средба и Интер освои големи три бода со конечни 1:2.
-
Италијапред 24 часа
Таткото на Кварацхелија откри за кој тим сонува неговиот син: Сите во нашето семејство се нивни фанови
-
Македонијапред 19 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Италијапред 18 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Германијапред 10 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Конференциска лигапред 23 часа
Навивачите на Абердин го прекинаа мечот во Европа: Го гаѓаа противничкиот голман со снежни топки (Видео)
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти за играчот кој им се извинуваше на фановите на Реал: Тој што работи секогаш, нема потреба да го прави тоа (Видео)
-
Англијапред 10 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам