Поврзете се со нас

Италија

„Ла Република“: Јувентус следното лето ќе го замени Роналдо со Халанд

Објавено

на

Борусија Дортмунд инсистира дека Ерлинг Халанд ќе остане во редовите на бундеслигашот и во новата сезона, а тоа сценарио станува пореално со последните случувања и фактот што за ваков трансфер во моментов треба да се издвои навистина голема сума.

Ова сценарио му одговара и на Јувентус, бидејќи италијанскиот весник „Ла Република“ тврди дека „бјанконерите“ планираат да го ангажираат Норвежанецот следното лето.

Тогаш истекува договорот на Кристијано Роналдо, па Јувентус ќе има потреба да донесе нова голема ѕвезда, но и квалитетен голгетер, нешто што е дел од фудбалскиот профил на Халанд.

Главната разлика меѓу ова и следното лето во однос на договорот на Халанд е што во 2022 година тој ќе може да си замине со откупна клаузула од 75 милиони евра и Борусија нема да може да спречи трансфер.

Адут на Јувентус се добрите односи со Мино Раиола, кој е менаџер на Халанд и со кого Јувентус досега лесно се договораше кога двете страни имаа интерес да реализираат трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни