Поврзете се со нас

Шпанија

Крос го испофали Меси: Никогаш не сум видел вакво нешто

Објавено

на

Тони Крос не штедеше комплименти за Лионел Меси по крајот на СП во Катар, потенцирајќи ја неговата постојаност и долговечност како главен квалитет.

Аргентинците го освоија мундијалот предводени од Меси, а Германецот имал свој коментар за најдобриот играч на турнирот.

– Никогаш не сум видел еден фудбалер толку време да игра на високо ниво.

– А тоа го прави и во клубови кои не ги сакам, што е доказ дека навистина го мислам тоа што го кажувам, – вели Крос.

Германецот ја коментирал и шпекулацијата дека неговиот поранешен тренер Зинедин Зидан ќе биде наследник на Дидие Дешамп на француската клупа.

– Мислам дека Зизу не е добра, туку веројатно и најдобра опција за наследник на Дешамп, – потенцира Крос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни