Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клозе го предупреди поранешниот клуб: Кејн нема милост…

Објавено

на

foto:twitter.com/standardsport

Наредната седмица се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите и тоа со четири натпревари од првата нокаут рунда во елитното натпреварување.

Една од тие пресметки е онаа меѓу Лацио и Баерн Минхен, два клуба кои ги поврзува една легенда, Мирослав Клозе. Клозе низ кариерата настапуваше како за „бјанкочелестите“ така и за „баварците“ со таа разлика што далеку поуспешен беше периодот минат на „Алијанц Арена“ ако се погледнат сите титули.

Германскиот ас смета дека калчолигашот е во проблематична ситуација и ако сака да биде конкурентен ќе мора пред се на најде начин да го неутрализира Хари Кејн.

-Одбраната на Лацио мора да внимава бидејќи Кејн нема милост. Мислев дека ќе постигне 20 или 25 гола во првата сезона затоа што ќе треба да се адаптира, но овие голови ги постигна за само неколку месеци. Последен пат во Рим, Баерн победи со 4-1, но можеше да постигне повеќе голови.

-Баерн Минхен победува во натпреварите, но не може да доминира. Само да се освојат трите бода, тоа не е доволно во Минхен. Имаше многу повреди, но убеден сум дека ситуацијата ќе се подобри. Лацио се соочува со повеќе проблеми, -вели најдобриот стрелец на СП за „Газета Дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни