Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Клоп со интересен коментар: Добро е што Жота не постигна гол против Порто

Објавено

на

Ливерпул обезбеди убедлива победа на гостувањето кај Порто, а головите во победата 1:5 ги постигнаа Салах, Мане и Фирмино.

Менаџерот Јирген Клоп го истакнал значењето на трите бода освоени во Португалија, а и не е загрижен што Диего Жота не успеал да постигне гол иако играше до 88. минута од средбата.

– Победата е најважна, посебно против ваков противник и со ваков резултат.

– Се приметуваше дека во Порто го гледале нашиот натпревар со Брентфорд, па се обидоа да бидат поагресивни, а ние ги решивме проблемите чекор по чекор.

– Среќен сум што Диего Жота не постигна гол, нека ги чува своите голови за тогаш кога ќе ни требаат. На крајот излезе дека вечерва не ни се потребни неговите голови, – изјавил Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни