Поврзете се со нас

Англија

Клоп има специјална желба за средниот ред, мисијата е речиси „невозможна“

Објавено

на

Јирген Клоп призна дека на Ливерпул му е потребно засилување во средниот ред, но исто така напомена дека тој играч нема да биде избран избрзано, туку само ако ги поседува квалитетите со кои ќе го надгради квалитетот на тимот.

„Црвените“ немаат најдобар почеток на сезоната, но сепак располагаат со квалитетен ростер, а германските медуми тврдат дека Клоп има една посакувана опција која би значела и исполнување на една голема желба.

Се работи за Тони Крос и идејата на Клоп да го доведе сонародникот на „Енфилд“, со што Ливерпул би добил искусен и ултра-квалитетен играч за врска, кој веќе го докажа својот квалитет во редовите на Реал Мадрид.

Позитивно за Клоп е што Крос има уште една година од договорот со Реал и нема најави за негово продолжување, па можеби тоа е картата на која Ливерпул би го добил Германецот порано од очекуваното.

Сепак, Реал Мадрид нема лесно да се откаже од Крос, посебно по заминувањето на Касемиро, па Клоп може да разговара со сонародникот за евентуален договор од следното лето како втора опција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни