Поврзете се со нас

Англија

Клоп ги изнасмеа новинарите во Прага: Сакате ли да го носам со мене на одмор? (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул оствари убедлива победа на гостувањето кај Спарта Прага и со една нога веќе е во четвртфиналето на Лига Европа.

Избраниците на Јирген Клоп одлично ја завршија работата во Чешка во пресрет на дербито со Манчестер Сити, а менаџерот сега може мирно да го сврти фокусот кон соочувањето со големиот ривал за премиерлигашката титула.

Она што последно го направи Клоп во Прага е обврската да учествува на прес-конференцијата по средбата, а на неа успеа во свој стил да ги изнасмее присутните новинари.

Повод беше прашање на еден од домашните новинари кој сакал да знае дали Германецот бил импресиониран од некој фудбалер и дали истиот би го ангажирал во Ливерпул.

– Јас се повлекувам летоска.

– Можеби сакате да го земам со мене на одмор, – одговорил Клоп, алудирајќи на најавата дека ќе го напушти Ливерпул по крајот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни